Адеми: Мечот со Англија нема да ми биде последен за репрезентацијата

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, по мечот со Украина ги демантира шпекулациите дека натпреварот против Англија на „Олд трафорд“ в понеделник ќе му биде последен во националниот дрес.

„Ја слушам таа приказна дека мечот со Англија ќе ми бил последен во националниот дрес и навистина не знам кој постојано ги пушта тие работи во јавност. Не е точна приканата дека натпреварот против Англија е мој последен натпревар за репрезентацијата“, изјави Адеми.

Македонија вчера доживеа шокантен пораз од Украина во квалификациите за ЕП 2024, Црвено-жолтите водеа со 2:0 по првиот дел, но во второто полувреме примија три гола и загубија со 2:3.

„Не знам што се случи, не знам што да ви кажам. Еден час игравме феноменално, потоа сè се промени. Имавме и свежи играчи на теренот, не знам дали нè стигна физички пад и затоа загубивме. За три дена имаме нов натпревар и ќе ни биде многу тешко. Ќе дадеме сè од себе против Англија, па што сака нека биде“, вели Адеми.

- Оглас -

Најнови вести