Адеми: Милан покажа дека е подобар, против Челзи ќе се обидеме да изненадиме

Динамо Загреб го претрпе вториот најтежок пораз на домашен терен во Лигата на шампионите откако на „Максимир“ со 0:4 загуби од Милан. Поголем пораз Динамо пред своите навивачи имал само од Олимпик Лион, кога загуби со 1:7 во 2011 година.

По поразот од Милан, Динамо ги загуби шансите за останување во Лигата на шампионите, а има и само теоретски шанси да се бори за нокаут-фазата од Лигата на Европа. За да „презими“ во Европа, Динамо ќе мора да го победи Челзи на гости.

Капитенот на Модрите, Аријан Адеми, признава дека поразот од Милан е неочекувано висок, но дека нема да се предадат на дуелот во Лондон во последното коло.

„Нема што да се каже освен дека Милан заслужено победи. Тие покажаа дека се подобар тим од нас, иако ние во првите 30 минути добро париравме. Жал ми е за нашите навивачи, кои беа фантастични. Вториот гол го реши мечот, а потоа направивме грешки кои не смеевме да ги направиме. Резултатот не е реален, но тоа се случи. Имаме уште еден меч и се надеваме на чудо во Лондон. Ќе се обидеме да ги изненадиме како што тоа го направиме на првиот меч во Загреб“, рече Адеми веднаш по поразот од Милан.

- Оглас -

Најнови вести