Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми е во фокусот на тренерот на Валенсија, Џенаро Гатузо. Според пишувањата на реномираниот шпански весник Марка, Адеми е можно да го напушти Динамо, клуб во кој е веќе 12 и пол години.
Се верува дека Адеми со своето искуство би можел одлично да се вклопи во екипата на Валенсија, каде во нападот гладен е докажаниот голгетер Единсон Кавани, а во одбраната командант е капитенот Гаја, што значи дека им е потребна алка за конекција на одбраната со нападот.