Адеми нема да игра против Омонија

Аријан Адеми, македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, нема да биде во составот на хрватскиот првак за реванш-дуелот против Омонија во рамките од второто претколо во Лигата на шампионите. Динамо на свој терен во Загреб победи со 2:0, а токму на таа средба Адеми се повреди и мораше предвреме да го напушти теренот.

Тренерот на Динамо, Дамир Крзнар, потврди дека Адеми е единствниот на кого нема да може да смета за реваншот.

„Ќе мора да бидеме трпеливи со Адеми и тој нема да настапи. Имаме добра предност, но двомечот уште не е завршен. Омонија во Загреб покажа дека е тим за респект и затоа не смееме да се опуштиме. Верувам во нашите можности и мислам дека имаме сила да ја довршиме оваа работа“, рече тренерот Крзнар.

На првиот меч на „Максимир“, Динамо даде два гола во последните 30 минути и стигна до победа од 2:0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести