Адеми: Никогаш не ми барале билети како за мечот во четврток

Македонскиот репрезентативец Аријан Адем, в четврток со својот Динамо Загреб ќе игра реванш-меч против Викторија П’лзењ во Лигата на Европа и вели дека интересот е толку голем, што досега не му се случило толку многу луѓе да му бараат билети за дуел на „Максимир“.

Адеми, кој ја носи и капитенската лента во загрепскиот тим, има мали болки, но нормално тренира и ќе биде 100 проценти подготвен за соочувањето со чешкиот тим. Првиот меч заврши со победа на Викторија од 2-1.

„Долго сум тука, сум одиграл многу европски натпревари за Динамо, сме имале многу искушенија, имало важни мечеви кои сме ги чекале со нетрпение. Знам како е кога одвај се чека да почне некој меч во дресот на Динамо. Најмногу ја паметам победата над Вилјареал, тогаш имав само 19 години, а игравме против големи имиња кои тогаш играа за шпанскиот тим. Тој ми е можеби и најдраг меч во Динамо. Се надевам дека Викторија ќе падне во четврток, па и таа победа би ми била во редот на омилените. Ни самиот не знам колку билети ми бараа. Мислам дека поделив 50-60, сите што ги имав, ги раздадов. Не знам дали некогаш сум морал да поделам толку многу влезници“, вели Адеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести