Адеми се мисли за пат во Саудиска Арабија, Ал-Итихад е упорен со понуда од 7,5 милиони евра

Аријан Адеми размислува за пат кон Саудиска Арабија по понудата од Ал-Итихад вредна 7,5 милиони евра за тригодишен договор со македонскиот репрезентативец.

Според информациите од Хрватска, и Динамо Загреб би добил отштета од 3 милиони евра за да го ослободи капитенот во случај Адеми да се согласи да се пресели во Саудиска Арабија.

Тренер на Ал-Итихад е поранешниот хрватски селектор Славен Билиќ и тој е човекот што притиска трансферот да се реализира.

Претходно, како што објави раководството на Динамо, за Адеми имаа понуда од Лил вредна 6 милиони евра, но таа беше одбиена.

Ал-Итихад е најпопуларниот клуб во Саудиска Арабија со најголема база на навивачи, но во моментов се бори за опстанок во тамошната најлвалитетна лига. Има 8 титули првак на Саудиска Арабија и три трофеи од азиската Лига на шампиони.

Ако прифати да игра за Ал-Итихад, Адеми ќе му се приклучи на Ферхан Хасани во саудиската Премиер лига. Хасани игра за Ал-Раед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести