Адеми се врати Динамо го доби трилерот со Интер

Аријан Адеми се врати на терен по повредата, одигра како резерва од 64. минута за Динамо Загреб, во еден од највозбудливите мечеви досега сезонава во ХНЛ.

Динамо победи со 5:3 против Интер Запрешиќ во меч со многу пресврти. Домаќините водеа со 1:0, потоа предноста на двапати беше на страна на Интер, со 1:2 и 2:3, но сепак фаворитот славеше.

Адеми отсуствуваше неколку седмици поради повреда на бутниот мускул, но се врати на теренот и ако се биде в ред ќе може да игра и за нашата репрезентација во продолжението од натпреварите во Лигата на Нации.

Играчот за врска ги пропушти првите два меча на Македонија, против Гибралтар и Ерменија, а можно е да игра против Лихтенштајн во Скопје на 13. октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести