Адеми си заминува од Динамо, најверојатно се сели во Унгарија

Македонскиот фудбалер Аријан Адеми ќе го напушти Динамо Загреб и ќе потпише за унгарски Ујпешт, најавуваат хрватски медиуми.

Адеми кој е и капитен на Модрите, ќе биде дел од големата чистка која ја прави најтрофејниот хрватски клуб. За него има интерес од клубови од Азија, Италија, но наводно најблиску е до преселба во клубот од Будимпешта во кој тренер е Хрватот Дамир Крзнар, а таму беше и отскочната штица на Енис Барди кој настапуваше како млад за Ујпешт од 2014 до 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести