Адеми со Динамо не ја мина пречката наречена Ференцварош

Динамо Загреб и капитенот Аријан Адеми претрпеа елиминација од Ференцварош при конечни 2-1 во мечот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Хрватскиот првак иако беше поконкретен и статистички доминираше во средбата, Узуни се покажа како херој за домаќините, иако во првиот дел ја имаше улогата на трагичар.

Ловренчич уште во втората минута ја затресе мрежата на Модрите за водство на Ференцварош, за гостите да се вратат во игра со помош на Узуни кој си постигна автогол во 23-тата минута. Албанецот потоа доби прилика да се извини за автоголот, во 65-тата минута ги постави конечните 2-1.

Динамо продолжува во плејофот од Лигата на Европа, додека Ференцварош го чека подобриот од дуелот Карабах – Молде. Во меѓувреме, Салцбург го дозна противникот во борбата за пласман во групната фаза откако Макаби Тел Авив со минимални 1-0 славеше против Динамо Брест.

 

 

- Оглас -

Најнови вести