Адеми со необично видео претставен во новиот клуб: Извади „четири аса“ и повторно е добитен (Видео)

Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми и официјално е преставен како нов играч на Ујпешт. Адеми доаѓа во унгарскиот тим откако стана слободен играч по заминувањето од Динамо Загреб.

Повеќе од една деценија Адеми беше во Динамо каде се стекна со статусот на клупска легенда. Искусниот играч за врска сега има нов предизвик и тоа во првенството на Унгарија.

Вечерва Адеми со необично видео беше преставен во новиот клуб.

Ујпешт е клуб кој во минатото има играно Енис Барди и Виктор Ангелов.

- Оглас -

Најнови вести