Адеми стрелец за Динамо – Хрватскиот првак прокоцка предност од 3:1 во судиското продолжение (Видео)

Аријан Адеми повторно одигра капитенски, постигна и гол за Динамо Загреб, но хрватскиот првак прокоцка предност од 3:1 на неверојатен начин и прими два гола во судиското продолжение за реми 3:3 против Шахтар.

Популарните „модри“ предводени од капитенот повторно покажаа силен карактер и по предноста од 0:1 на Шахтар, стигнаа на прагот на голема победа, но потоа примија два гола во судиското продолжение.

Адеми и покрај проблемите со стапалото, одигра цел меч, а драмата не беше ниту на повидок по неговиот гол во 89-тата минута за 3:1.

https://twitter.com/WorldGoalss2/status/1192198735700385793?s=20

Но, Шахтар успеа да приреди уникатен подвиг и со головите на Жуниор Мораеш во 93-тата минута и на Тете од пенал во 97-мата минута да израмни на 3:3 и сега е поблиску од Динамо до пласман во осминафиналето во ЛШ.

Во истата група Ц, во Милано ремизираа Аталанта и Манчестер сити, 1:1, па сега англискиот шампион е многу блиску до осминафиналето со 10 бода од 4 меча. Динамо и Шахтар имаат по пет, а Аталанта остана само со еден бод.

Најубедлив вечерва беше Реал Мадрид и го декласира Галатасарај со 6:0 за отворање на портата за осминафинале. Родриго белскаше со хет-трик, Бензема даде два гола, а Рамос еден. Во истата група ПСЖ со голот на Икарди го победи Бриж и е патник во нокаут-рундата.

ПСЖ има 12 бода, Реал Мадрид 7, Бриж два и Галатасарај еден бод.

Тотенхем повторно ја декласира Црвена ѕвезда, вечерва со 4:0 во Белград и ги исфрли белграѓани од конкуренција за пласман во осминафиналето.

Ло Селсо, двапати Сон и Ериксен беа стрелци за англискиот клуб кој е на второто место во групата Б со 7 бода, зад Баерн со 12 и пред Црвена ѕвезда со три и Олимпијакос со еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести