Адеми влезе од клупата, Динамо до триумф во самиот финиш

Динамо Загреб со мачење ги освои бодовите против Славен Белупо при конечни 3-2 во мечот од 29-тото коло во хрватскиот шампионат. Капитенот на Модрите и македонски репрезентативец Аријан Адеми овојпат шанса за настап чекаше од клупата и ја доби во вториот дел, набрзо откако гостите израмнија на 2-2.

Домаќините дури во финишот од средбата успеаја да го оправдаат претходо загубеното водство од 2-0 преку Бруно Петковиќ, кој стрелаше во 90-тата минута.

Со 71 бод, Динамо како лидер на табелата е блиску до титулата во хрватското првенство, Модрите имаат 19 бода повеќе од второпласираната Риека по 29 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести