27.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Адеми во првиот меч од новата сезона подигна нов трофеј

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со својот Динамо Загреб вечерва го освои Суперкупот на Хрватска. ВО мечот кој се одигра на „Максимир“ во Загреб, Динамо минимално со 1:0 ја победи Ријека. Ова беше за прв пат по пауза од пет години да се игра Суперкуп дуел во Хрватска.

Амер Гојак во 41 минута беше стрелец на единствениот гол, доволен за трофеј во витрините на Динамо. Адеми беше вистински предводник на Динамо и ги одигра сите 90 минути, додека на спротивната страна во тимот на Ријека го немаше Дарко Велковски.

- Оглас -

Најнови вести