Како што се ближи крајот на годината, еден од најдобрите македонски фудбалери, Аријан Адеми, реши да направи рекапитулација на тоа што на професионален и приватен план му се случуваше во 2020 година. Адеми вели дека ова е една од неговите најдобри години, а тоа го објасни во три точки.
„Со Македонија се пласирав на Европското првенство, а со Динамо Загреб обезбедив европска пролет. Станав татко на прекрасен син, тоа е најголема радост. Каква година!“, беа зборовите на Адеми.