19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Адеми во Унгарија на пет меча доби жолти картони колку што доби во последните две сезони во Хрватска

Некогашниот македонски репрезентативец и легенда на Динамо Загреб, Аријан Адеми, во летниот преоден рок направи трансфер и си замина од хрватскиот клуб. Адеми го облече дресот на Ујпешт, каде што сезонава одигра пет меча и во просек играше по 82 минути.

На тие пет натпревари, Адеми, кој е познат по својата борбеност и пожртвуваност, доби четири жолти картони. Ова е невообичаен број на јавни опомени за Адеми, посебно ако се погледнат последните две сезони кои ги играше во хрватското првенство.

Адеми во последните две сезони во Хрватска одигра дури 71 натпревар во првенството и во Купот, а вкупно доби четири жолти картони. Сега, во Унгарија само на пет средби доби еднаков број жолти картони како во последните две сезони поминати во Динамо Загреб.

Адеми е вистинска легенда на Динамо. Има освоено 13 шампионски титули со Модрите, освои пет трофеи во Купот и три во Суперкупот. За Динамо одигра повеќе од 400 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести