Адетокумбо направи дабл-дабл, а не стигна до 10 поени (Видео)

Богатата вечер во НБА-лигата донесе повеќе интересни случки поврзани со европските кошаркари.

Турчинот Алперен Шенѓун, кој ја игра својата втора сезона во НБА, со 20 години стана најмладиот играч во историјата на Хјустон рокитс, кој направил трипл-дабл. Шенѓун имаше по 10 поени, скокови и асистенции, но неговиот тим убедливо загуби од Сакраменто со 115-135.

Јанис Адетокумбо од Милвоки бакс во победата над Атланта имаше 18 скока, 10 асистенции и само 7 поени, па една тројка му фалеше за трипл-дабл. Ова е првпат во кариерата на Грчкото чудовиште да направи дабл-дабл без двоцифрен број поени.

Никола Јокиќ дојде на прагот на трипл-дабл, му фалеше една асистенција за такво постигнување. Денвер го разби Феникс со 126-97 и остана на делба на првото место на Западот заедно со Мемфис. Гризлис имаат осум победи по ред, утрово жртва им беше Сан Антонио, а потегот на вечерта го имаше Џа Морант, кој заврши со 38 поени.

Погледнете какво забивање имаше Морант:

- Оглас -

Најнови вести