Адетокумбо не можеше сам, НБА плеј-офот започна со убедлива победа на Индијана

Екипите на Индијана и Милвоки и официјално го отворија НБА плеј-офот. Победата им припадна на домашните кошаркари, кои славеа со убедливи 117-98, а со тоа и поведоа со 1-0 во серијата.

Домашните кошаркари уште од самиот старт најавија дека дека ќе атакуваат на победата, па првата четвртина ја добија со осум поени разлика, а втората со +16. Резултатот на полувремето гласеше 67-43 за Индијана.

Во второто полувреме, Милвоки се обиде да се врати резултатиски, но се што успеа да направи е да го добие третиот период. Јанис Адетокумбо со 36 поени беше убедливо најефикасен на мечот, но и тоа не беше доволно за неговата екипа да дојде до позитивен резултат.

- Оглас -

Најнови вести