Јанис Адетокумбо преку „Твитер“ ги повика Зек Лавин, Арон Гордон и Донован Мичел како победници во претходните години, заедно со Амиду Диjало, можеби и со него, да учествуваат на натпреварот во забивање на Oлстар-викендот во 2020 година.
Годинава на најатрактивниот настан на саботната програма од Oлстарите триумфираше 20-годишниот Диjало, но беше прилично здодевно и ќе се памети само едно забивање, па затоа „грчкото чудовиште“ сака в година да се види кој навистина е најдобар забивач во НБА. Идејата на Адетокумбо ја прифаќа Мичел, но под еден услов: ако и популарниот Грик Фрик учествува.
Адетокумбо во 2015 година учествуваше на натпреварот во забивање, но не се прослави. Доколку сите што ги спомна Јанис се пријават, тогаш во следната година може да биде спектакуларно.