Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, се обидува да го убеди гигантот за спортска опрема „Адидас“, да помогне во финансирањето на трансферот на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.
Желба на 22-годишниот играч од средниот ред и германски репрезентативец е да се пресели во најголемиот германски клуб, но тоа Баерн ќе го чини дури 150 милиони евра со бонуси, а плус тоа, на Вирц ќе му биде понуден петгодишен договор, за кој ќе добие плата од 25 милиони евра по сезона.
Вирц има договор со компанијата „Адидас“ која со децении е еден од главните спонзори на Баерн, а од следната сезона Баер Леверкузен ќе носи дресови од „Њу Баланс“.