Адис Јаховиќ му се заканува на Партизан

Осоколени по триумфот над Олимпија Љубљана, фудбалерите на Малатијаспор, во прв ред нашиот Адис Јаховиќ, се големи оптимисти во пресрет за дуелите со белградски Партизан, како една од последните пречки пред влез во групите од Лига Европа.

Јаховиќ кој беше јунак во реваншот против Словенците, сигурен е дека Малатија може да го совлада и Партизан во квалификациите за второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.

„Пресреќен сум што го дадов клучниот гол на гостувањето во Љубљана, со кој отидовме во следната рунда. Ќе продолжам да ги радувам нашите навивачи, никој нека не се сомнева во тоа. Наш нареден ривал е Партизан, но ние сакаме да играме во групите од ЛЕ. Европа ќе ја запознае Малатијаспор во оваа сезона“ – оптимист е некогашниот член на Македонија Ѓорче Петров.

Првиот меч, Партизан и Малатијаспор го играат в четврток во Белград.

- Оглас -

Најнови вести