Коорганизаторот на Светското првенство 2030 година, Мароко, наскоро ќе започне со изградба на најголемиот стадион на светот. Мароканците се надеваат токму на новиот стадион ќе се одржи финалниот натпревар на СП 2030, но конкуренција ќе му биде легендарниот „Сантијаго Бернабеу“.
Стадионот би требало да биде целосно изграден до 2028 година, и тоа на 50-тина километри источно од Казабланка. Планирано е да има капацитет од 115.000 седишта, со што ќе стане најголем фудбалски стадион на светот.
Архитектонското решение е на компанијата од САД „Популус“, која заедно со конзорциум кој го предводи мароканскиот архитект Тарик Уалалу победија на меѓународниот конкурс.
Компанијата „Популус“ го направи и дизајнот за новиот стадион на Тотенхем, како и неколку бејзбол стадиони во САД.
Организатори на Светското првенство во 2030 година ќе бидат, Шпанија, Потугалија и Мароко, а три натпревари ќе се играат во Аргентина, Уругвај и Парагвај, со што ќе се одбележи 100-годишнината од првото СП кое се одржа во Уругвај.