Адут на страната на Интер, Симоне Инзаги има седум победи по ред во финалињата

Вечерва ќе се спушти завесата на сезоната во фудбалска Европа со финалниот натпревар во Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Интер, а сите ги гледаат Нераѕурите како аутсајдери, но тренерот Симоне Инзаги има убава серија која влева надеж кај навивачите  на италијанскиот тим.

Инзаги од 2017 година па досега има настапено во осум финални мечеви, победи на седум меча по ред, а загубил само на првиот.

Оваа сезона, Инзаги и Интер славеа во две финалиња, прво на почетокот од годината го совладаа Милан со 3:1 во италијанскиот Суперкуп, а неодамна го освои и Купот на Италија со победата над Фиорентина од 2:1.

Инзаги и Интер и минатата година триумфираа во Купот на Италија, откако во финалето го победија Јувентус со 4:2, а во 2021 година го победија истиот ривал во Суперкупот на Италија со 2:1.

Инзаги има и три триумфи и со Лацио кого го предводеше од 2016 од 2021 година. Во 2017 година, Инзаги и Лацио со 3:2 го победија Јувентус во Суперкупот на Италија, а две години подоцна освоија уште два трофеи.

Во Купот на Италија, Лацио ја победи Аталанта со 2:0, а во Суперкупот на Италија беше совладан Јувентус со 3:1.

Единствениот пораз во финалните натпревари, Инзаги го имаше на стартот од 2017 година кога загуби од Јувентус во Купот на Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести