Адвокатот на судијката која е во центарот на скандалот тврди: Видеото е креирано со помош на вештачката интелигенција

Не стивнуваат реакциите по секс-скандалот кој е актуелен во турскиот фудбал, а во центарот се 24-годишната судијка Елиф Караарслан и 61-годишниот делегат Орхан Ердемир. На социјалните мрежи се споделува видео на кое тие имаат љубовна афера.

Двајцата засегнати демантираат дека тие се луѓето кои се на видеото со ексциплитна содржина, но и покрај тоа, Фудбалскиот сојуз на Турција ги суспендира, но и подготвува тужба за нарушениот углед. Судијката Караарслан реагира и најави дека жестоко ќе се бори да ја докаже својата правда.

„Пред мене е долг пат, но ќе го совладам, и тоа на најсилен и најодлучен начин. Се радувам што на тој пат ја имам вашата целосна поддршка и љубов. Плачењето, вриштењето и тагата не е тоа што јас го правам. До крај ќе се борам за себе. Јас сум една од многуте оштетени, се надевам дека ќе бидам и последна“, реагираше 24-годишната за аферата со делегатот кој е речиси трипати постар од неа.

Адвокатот на судијката вели дека видеото е креирано со помош на вештачката интелигенција.

„На социјалните мрежи кружи монтирано видео, кое е целосно создадено од вештачка интелигенција од профилот на трето лице на социјалните мрежи и нема никаква врска со мојот клиент. Ако го проучите видеото, јасно се гледа дека сликата на неа не е јасна и дека компјутерот ги зближил луѓето. Ова видео е направено злонамерно. Нема врска со она што се тврди во него, дека е креиран на профилите на мојата клиентка Елиф Караарслан. Идентификувавме профили на социјалните мрежи кои ја креираат и споделуваат оваа навредлива и лажна содржина и покренуваме постапка против нивните автори“, вели адвокатот на младата 24-годишна судијка.

- Оглас -

Најнови вести