АЕК Атина – Динамо може да не се игра денеска, „конвојот на смртта“ не поминал низ Македонија

Трагедија се случи пред дуелот меѓу АЕК Атина и Динамо Загреб, откако синоќа беше убиен еден 22-годишен навивач на домаќините, а друг малолетен фан е во критична состојба. Токму поради нередите кои ги направија ненајавените гостински навивачи, се размислува дури и мечот кој треба да се игра вечерва, да биде одложен. Сепак, проблем е тоа што во овој период нема друг слободен термин во кои двата тима би можеле да играт.

Хрватските навивачи во Атина пристигнале со возила, и тоа преку Албанија, а избегнале да поминат низ Македонија. Со тоа што патувале преку Албанија, не делувале сомнително дека се навивачи кои патуваат во Атина. Сите се преставувале дека се туристи и без проблем биле пуштени на грчката граница, иако имаше забрана за патување на гостински навивачи.

Повеќе од 150 хрватски навивачи со автомобили пристигнале во Атина, а тогаш биле забележани од полицијата, но тогаш најверојатно по добро разработен план, се разделиле низ повеќе улици. Според пишувањата во Грција, на хрватските навивачи им се приклучила и група навивачи на Панатинаикос, кои имаат добар однос со Бед Блу Бојси.

Откако биле добро групирани, започнал хаосот, а малубројните фанови на АЕК кои биле во локалните кафетерии биле фатени неспремни. Полицијата има уапсено речиси 100-мина навивачи од двете страни.

Утрово е мирно во Атина, а на местото каде што е убиен 22-годишниот навивач стои шалот на АЕК и букет цвеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести