АЕК Атина претпоследен стои на патот на Динамо Загреб до групите во ЛШ

Ждрепката за третото квалификациско коло во Лигата на шампионите сакаше Динамо Загреб ако ја мине Астана, како нареден ривал да го има АЕК Атина. За хрватскиот првак игра капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски.

Потецијално интересен двобој во третата рунда ќе биде подобриот од Лудогорец или Олимпија Љубљана против Галатасарај или Жалгирис.

Српскиот вицепрвак ТСЦ Бачка Топола чиј член е македонскиот напаѓач Мартин Мирчевски, во третото квалификациско коло ќе се сретне со португалска Брага.

- Оглас -

Најнови вести