АЕК бара Динамо Загреб да биде исфрлен од Европа: Како да играме против нив по сè што се случи

Грчкиот шампион вечерва објави соопштение во кое бара хрватскиот првак Динамо Загреб да биде казнет поради дивеењето на неговите навивачи низ улиците на Атина, кое резултира со смрт на 29-годишниот фан на АЕК, Михалис Кацурис.

„Истото прашање кое ги мачи нашите навивачи, како што дознаваме во последните неколку часа, нè мачи и нас, а тоа гласи: Како е можно по варварското убиство на Михалис од вагабонти од Хрватска, АЕК да излезе на терен и да игра против овој тим?
Дали некои од неговите убијци ќе бидат на трибините? Ќе има ли нивни соработници во криминалот кои денеска на социјалните мрежи го слават убиството кое го направија нивните пријатели?

Кој всушност нè принудува да играме натпревари додека сè уште тече крвта на нашиот убиен навивач и на други тешко повредени навивачи? Кога сите знаат дека тие што дојдоа овде да убиваат, се составен дел од организацијата со која треба да играме фудбал?

Дали лобирањето на Хрватите во УЕФА е поважно од човечките животи што ги одзедоа убијците? И дали благосостојбата на европскиот фудбал бара да ги принудуваме нашите играчи да играат како ништо да не се случило? Има само еден начин: Веднаш и строга казна сега! Тоа го чека цивилизираниот европски фудбалски свет заедно со АЕК!“, стои во соопштението на грчкиот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести