АЕК губеше со 0:2 до 92 минута, а на крајот се радуваше: Тренерот јасно покажа за кого е оваа радост (Фото+Видео)

Грчкиот првак АЕК од Атина на неверојатен начин успеа да се пласира во плејофот за пласманв во групната фаза од Лигата на шампиони, откако на свој терен одигра 2:2 против Динамо Загреб. Гостите имаа водство од 2:0 до 90+ минутите, а потоа се случи чудо.

На АЕК му беше потребен барем еден гол за да го одведе натпреварот во продолжение и грчкиот тим погоди во 90+2 минута за 1:2. Сепак, тоа не беше крајот. Во 98 минута беше досуден пенал за АЕК, а откако пеналот беше промашен, топката дојде до Домагој Вида, кој со глава успеа да му даде гол на неговиот поранешен клуб.

Гостите од Загреб беа во шок, а на трибините на стадионот настана делириум.

https://twitter.com/i/status/1693006247685992851

Веднаш по мечот, тренерот на АЕК, Матијас Алмеида извади дрес на АЕК на кој го имаше презимето на загинатиот навивач Микалис, кој беше убиен минатата недела, кога и требаше првично да играат АЕК и Динамо во Атина.

- Оглас -

Најнови вести