Динамо Загреб и официјално објави на социјалните мрежи дека денешниот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите против АЕК е одложен и екипата се враќа назад во Хрватска.
Сето ова следува по големите инциденти кои се случија синоќа во главниот град на Грција, во кои загина еден навивач на АЕК, а еден е во тешка состојба. Уапсени се околу 100 лица.
Споед грчките медиуми, првиот натпревар помеѓу АЕК и Динамо ќе се одигра следниот вторник во Атина, односно во терминот во кој требаше да се игра реваншот. Вториот натпревар ќе биде одигран во Загреб, во викендот на 18 или 19 август, сè со цел да не се наруши календарот и да не се одложуваат натпревари.
❗️ Possible, not 100% yet! We expect UEFA announcement. AEK and Dinamo Zagreb may play 15/8 first match, 18 or 19/8 second match@AEK_FC_OFFICIAL#AEK #AEKFC
— Giannis Chorianopoulos (@choria80) August 8, 2023