АЕК Атина направи скандал откако не сакаше да го игра реванш мечот од финалето против Македонија во ЕХФ Европскиот куп. Грчкиот тим не излезе на теренот во „Борис Трајковски“ поради тоа што нивните навивачи ги немаше во салата.
Потоа следуваа неколку соопштенија од АЕК и грчката ракометна федерација како одбрана за одлуката финалето да не се игра. Сепак, дека проблемот не е во Алкалоид туку во фановите на грчкиот тим се потврдува и по последните случувања во грчкото првенство.
АЕК за дербито против Олимпијакос не доби дозвола да игра во својата мала сала затоа што мечот е прогласен од висок ризик. Малата сала на АЕК не ги исполнува безбедносните услови, затоа што воопшто немало инсталирано безбедносни камери.
Од АЕК во своите објави им се чудеа на „црвено-белите“ медиуми, кои прашуваа кој ќе гарантира безбедност во таа сала. Камери немало ниту во салата на Олимпијакос, а и така постоела препорака да нема гостински навивачи!
Дуелот меѓу АЕК и Олимпијакос е закажан за 8 јуни.