Во терминот од 21 часот се одиграа нови девет натпревари од петтото коло на Лигата на конференции.
Еден од најинтересните мечеви се одигра во Фиренца, каде што АЕК направи сензација со победа над Фиорентина со 0-1 благодарение на голот на српскиот фудбалер Мијат Гачиновиќ.
Стразбур приреди изненадување против фаворитот Кристал палас и победи на домашен терен со 2-1. Голема заслуга за триумфот имаа Емега, кој постигна гол во 53-тата минута, и Муарабет во 77-мата минута, додека за Кристал палас стрелаше Мичел во 35-та минута.
Натпреварот меѓу Риека и АЕК Ларнака заврши без голови, 0-0.
Останати резултати: Шемрок – Шахтар 1-2, Легија – Спарта Прага 0-1, Јагелонија – Купс 1-0, Дрита – Шкендија 1-0, Брејдаблик – Самсунспор 2-2, Абердин – Ноа 1-1.

