Пелистер во Скопје го совлада ТФТ со 74-71 и остана непоразен по 11 кола во првата кошаркарска лига на Македонија, а актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром беше убедлив против ФМП Академија со 96-70, со што Металците кои имаат два порази сезонава, се зацврстија на второ место.
Битолчани имаа контрола во првите три четвртини на гостувањето во СРЦ Кале, а во финишот, откако тафталиџанци ја стопија негативата, поискусните Пелистерци покажаа дека знаат како се играат тесни завршници, па извојуваа победа.
Во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, првакот МЗТ неочекувано лесно дојде до победа над најпријатното изненадување сезонава, ФМП Академија. За Академиците ова е четврти пораз сезонава и го делат третото место со Работнички.
МЗТ имаше дури 27 загубени топки, но беше подобар во сите други елементи, па без проблем ја продолжи победничата серија периодов, која ја почна во Сараево на турнирот од АБА 2 лигата.