Аеродромци се подготвуваат за прослава на осмата титула, на Еуро Никел му треба чудо

МЗТ Скопје Аеродром е пред освојување на осмата шампионска титула во македонското кошаркарско првенство, а денеска на свој терен против Еуро Никел 2005 ја има првата шанса да го крене пехарот и да ја прослави новата титула. Штрковите се фаворити и според квотите во Sport Life, најмногу поради домашниот терен и двете победи во финалната серија, но сигурно нема да им биде лесно.

Кавадарчани кои во своите редови имаат неколку поранешни играчи на МЗТ, ги мачеа Металците на првите два дуели, сезонава еднаш победија во „Јане Сандански“ и сигурно нема однапред да се предадат.

Сепак, историјата укажува на тоа дека порано или подоцна, МЗТ ќе биде првак. Досега во македонската кошарка никогаш не се случило тим кој водел со 2-0 во победи во едно финале, да не биде првак, без разлика дали се играло со три или четири добиени. Ова може да биде деветто финале кое ќе заврши со „метла“, но имало и случаи кога од 0-2, тимот кој бил во негатива доаѓал до 2-2. Сепак, мајсторките секогаш ги добивал тимот кој водел со 2-0.

МЗТ е многу блиску до целта, но треба да се направи и последниот чекор. Мечот почнува во 17.30 часот во „Јане Сандански“.

- Оглас -

Најнови вести