МЗТ Скопје Аеродром по 12-ти пат во својата историја го освои кошаркарскиот Куп на Македонија.
Победничкиот менталитет беше пресуден и вечерва во Битола во победата над Пелистер од 62-60 во најнеефикасното куп финале во историјата на макбаскетот. Битолачани кои беа домаќини на завршниот турнир, во првата и последната четвртима дадоа едноцифрен број на поени, не го издржаа притисокот и не дојдоа до првата куп титула во клупската историја.
Дамјан Робев и Ејасу Ворку беа творци на триумфот, тие го повлекоа тимот во завршницата. Воерку го даде и победничкиот кош на 2,8 секунди до крајот. МЗТ во финишот не можеше да смета на браќата Стојановски, но и без нив, тимот се снајде и триумфираше на ова тешко гостување.