Афера Бакнеж: Ермосо го тужи Рубијалес за сексуален напад

Шпанската репрезентативка, Џени Ермосо, поднесе тужба против претседателот на фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес, за сексуален напад, објави шпанското обвинителство.

Рубијалес за време на свечената церемонија на доделување на медалите на Светското првенство по триумфот на Шпанија во финалето над Англија со 1:0 ја бакнал во уста Ермосо без нејзина согласност, а тој чин го виде целата фудбалска јавност на ТВ-екраните.

Ермосо претходно изјави дека бакнежот не бил спогодбен, додека Рубијалес го тврдеше спротивното.

Рубијалес одби да си поднесе оставка поради аферата Бакнеж, но Светската фудбалска федерација (ФИФА) го суспендира на 90 дена, додека спроведе сопствена истрага, а за привремен претседател на Шпанската федерација е назначен Педро Роча, кој веднаш ѝ се извини на јавноста за непрофатливото однесување на Рубијалес.

- Оглас -

Најнови вести