Африканска клетва е причина зошто Гвардиола не може да освои уште една титула во ЛШ

Манчестер сити ја имаше фаворитската улога против Челзи во финалето од Лигата на шампионите, но на крајот лондонскиот тим стигна до најзначајниот клупски трофеј во Европа. Сити во првото финале од ЛШ мораше да се задоволи со среброто, иако на клупата го имаа тренерот кој претходно двапати бил на тронот на Европа.

Пеп Гвардиола како тренер на Барселона двапати беше европски шампион, но повеќе од една деценија се обидува и никако не успева да стигне до хет-трик. По поразот во саботата, започнаа многу шпекулации зошто Сити не стана првак, а една од најчудните е дека Гвардиола е цел на африканска магија и проклетство.

Повод за ваквите приказни за африканско проклетство се зборовите кои пред три години ги упати некогашниот менаџер на поранешниот капитен на Граѓаните, Јаја Туре. Менаџерот Дмитриј Селук беше незадоволен што Гвардиола често го оставаше Туре на клупата за резерви во последната сезона и даде една чудна изјава.

„Гвардиола ја сврте цела Африка против себе. Многу африкански фанови се откажаа од Манчестер сити. Сигурен сум дека во иднина многу африкански шамани (волшебник, човек што има натприродна моќ н.з.) нема да дозволат Гвардиола повторно да ја освои Лигата на шампионите. Тоа ќе биде африканско проклетство за Пеп. Животот ќе покаже дали сум во право или не. Факт е дека Гвардиола стави крај на кариерата на Туре во Сити, но бумерангот секогаш се враќа. Ќе видите што ќе направат африканските шамани, секогаш запомнете го тоа“, изјави менаџерот на Туре, Дмитриј Селук, во 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести