Африканската класика им припадна на Нигеријците (Видео)

Селекцијата на Нигерија го совлада Камерун со 2:0 во „класиката“ на Африканскиот куп на нации и се пласира во четвртфиналето.

Нигерија во чевртфиналето ќе игра против Ангола која претходно со убедливи 3:0 ја победи Намибија.

Човек на одлука на мечот кој се играше во Абиџан, Брег на Слонова коска, беше играчот на Аталанта, Адемола Локман кој ги постигна двата гола.

Резултатот беше отворен во 36-та минута, откако претходно во деветтата минута и беше поништен гол на Нигерија поради офсајд.

Вториот гол со кој беше заверен пласманот на Нигерија во четвртфиналето, Локман го постигна во 90-та минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести