5.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Африкански куп на нациите и азиската Лига на шампиони во Квотите на денот (Фото)

Четири натпревари од Африканскиот куп на нациите и еден од втората азиска Лига на шампиони се дел од понудата во Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 39.6, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.90 и 2.25.

Очекувањата се дека на мечот помеѓу Буркина Фасо и Екваторијална Гвинеја нема да има многу голови, па квотата од 2.15 ќе биде добитна само ако во првото полувреме нема повеќе од еден гол, но и ако во вториот дел има еден или два гола.

Алжир е фаворит против Судан и се очекува да победи, а квотата од 2.25 ќе биде добитна само ако го направи тоа во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола.

Ал-Наср и без Кристијано Роналдо е фаворит против Ал-Завра од Ирак, а понудената квота од 1.90 ќе биде добитна само ако домашните постигнат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Понудената квота од 2.05 за дуелот на Брегот на Слоновата Коска и Мозамбик ќе биде добитна ако Слоновите не загубат и ако има повеќе голови во второто полувреме.

Квотата од 2.10 за мечот на Камерун и Габон ќе биде добитна само ако првиот гол биде постигнат најдоцна до 29-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести