15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Африканскиот и Азискиот куп се во фокусот

5613 Брегот на слонова коска – Нигерија (18 ч.)

Дерби на второто коло во кое Брегот на Слонова коска е во поповолна ситуација. БСК победи на стартот и освои три бода, а Нигерија иако беше фаворит против Екваторијална Гвинеја, освои само еден бод.

Нигерија нема победа во последните четири меча што ги одигра, а БСК во истиот тој период четири пати победуваше и тоа убедливо. Меѓусебе немаат играно цели осум години.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.86)

 

5614 Египет – Гана (21 ч.)

Двете селекции беа фаворити во првото коло, но разочараа. Гана загуби, а Египет одигра нерешено. Тоа значи дека за двете репрезентации ова е меч кој не смее да го загубат. Египет предводен од Салах е во улога на фаворит, а ова може да биде еден од оние поретки дуели на кои може да се очекуваат да има три или повеќе погодоци.

Предлог тип: 3+ (2.75)

 

5618 Палестина – ОАЕ (18 ч.)

Квалитетот дефинитивно е на страна на Обединетите Арапски Емирати, кои со победа од 3:1 над Хонг Конг го започнаа Азискиот куп. Палестина нема триумф на последните 10 средби што ги одигра и тоа е нормално, ако се знае дека за оваа селекција е успех што е дел од завршницата, со оглед на воената состојба во која се наоѓа.

Нападот е најголем проблем за Палестина, едноставно нема кој да постигне гол, па ќе биде изненадување ако успее да освои и еден бод.

Предлог тип: 2 (1.75)

 

1537 Визела – Спортинг (21:45 ч.)

Почнува втората плусезона во Португалија, а без дилема Спортинг треба да победи на ова гостување. Малку изненадувачки беше кога во првото коло Спортинг дома прими два гола од Визела, а на крајот сепак победи со 3:2.

Сега, Спортинг е лидер на табелата, а Визела е на претпоследното место со дури 30 бодови помалку од денешниот нивни ривал.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.45)

 

2866 Галатасарај – Умранијеспор (20 ч.)

Дуел од 16-финалето на турскиот куп, каде домаќинот е апсолутен фаворит. Овие два тима минатата сезона играа два меча во Суперлигата и Галатасарај два пати победи.

Потоа Умранијеспор испадна од елитата и сега е дел од втората лига, каде моментално е на деветото место на табелата и реално нема шанси да изненади.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.68)

 

- Оглас -

Најнови вести