Африканското првенство ќе се игра во земјата на Мо Салах

Африканската фудбалска конфедерација одлучи Египет да биде домаќин на африканскиот Куп на нациите кој се игра од 15-ти јуни до 13-ти јули. Во трката за организатор, Египет ја победи Јужна Африка.

Африканското првенство требаше да се игра во Камерун, но поради бавниот тек на подготовките и недоизградените стадиони, во ноември на Камерунците им беше одземено првенството. Египќаните и Јужноафриканците веднаш реагираа и истакнаа кандидатури за домаќини, подготвени се во секој момент за ваков настан.

Египет по петти пат ќе биде домаќин на Купот на нациите, но сега ќе има само шест месеци да се подготви за настанот на кој првпат ќе учествуваат 24 тима. На Камерун ќе му биде дадена шанса да го организира континенталниот шампионат во 2021 или 2023 година. Со ова не се согласуваат од Брегот на Слонова Коска, кои требаше да бидат сигурни домаќини во 2021. Во Гвинеа треба да се игра Купот на нации во 2023, но тие би попуштиле и би биле домаќини две години подоцна за на Камерун да му се даде организацијата во 2023.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести