Африканците ќе препишат од Европа – Формираат Суперлига со 20 клуба

Африканците сакаат да го препишат рецептот од Европа и да формираат своја Суперлига во која 20 клуба би имале загарантирано место. Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино е во посета на најсиромашниот континент и даде поддршка за иницијативата.

Посетата на Инфатино пред се е во знакот на изборите за нов претседател на африканската фудбалска конфедерација, популарниот ЦАФ, што ќе се одржат годинава, а се разговарало и за формирање на Суперлига што ќе биде атрактивна, пред се за најголемите клубови на континентот.

https://twitter.com/bvrbvra/status/1370334376718897154?s=20

Досега се играше според стандардниот формат во Лигата на шампионите на Африка, а се уште не се знае кога би почнал новиот проект, Суперлига на Африка.

Во Европа веќе се знае дека од 2024 година ќе стартува новиот формат на натпреварување на шампионите, организирани во Суперлига, која ќе се игра од сезоната 2024/25 со постојано учество на гигантите и по принципот на лигашко натпреварување како што моментно се игра кошаркарската Евролига.

 

 

- Оглас -

Најнови вести