Агаси за Алкарас: „Ги има квалитетите на Ѓоковиќ, Федерер и Надал, можеби и повеќе“

Карлос Алкарас со магичен пресврт од 0-2 до 3-2 го совлада Јаник Синер во финалето и го освои Ролан Гарос. Легендарниот Андре Агаси не ги штедеше комплиментите за Шпанецот, за кого рече дека ги има квалитетите на Ѓоковиќ, Федерер и Надал заедно.

„Алкарас ги има квалитетите на големата тројка, па можеби и повеќе. Неверојатно, но тој има дефанзивна брзина како Ѓоковиќ, можеби и поголема. Има темпо како Надал, ако не и подобро од него. Има чувство за играта како Федерер, можеби и повеќе. Секако, сето тоа треба да се вклопи, но тој дефинитивно во некои сегменти игра подобро од секој играч од големата тројка“, вели Агаси за Шпанецот.

- Оглас -

Најнови вести