Агентот на Бензема покажа доказ кој ја здрма фудбалска Франција

Карим Џазири е агентот на Карим Бензема, фудбалерот кој ја доби Златната топка за најдобар фудбалер во 2022 година, а сега реши да ја отвори темата околу повредата на напаѓачот здобиена непосредно пред стартот на Светското првенство во Катар.

Бензема го напушти составот на Франција, и тоа само еден ден пред почетокот на Мундијалот.

„Ова што го објавувам претходно е консултирано со тројца специјалисти кои ја потврдија дијагнозата на Бензема и тоа дека Карим би можело да биде подготвен уште од осминафиналето. Би бил подготвен барем да седи на клупата за резерви. Зошто од него бараа толку брзо да си замине?“, се прашува Џазири.

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, му посака брзо заздравување на Бензема и му рече дека не е подготвен да биде дел од Галските петли на Мундијалот, па голгетерот си замина од Катар.

По оваа објава на Џазири, со реакција на социјалните мрежи се јави и Бензема, кој само напиша „Затоа што кога еднаш ќе го погледнете, знаете“, беше пораката на Бензема, кој ја продолжува „војната“ со селекторот Дешан. По завршување на Мундијалот на кој Бензема не играше, фудбалерот на Реал Мадрид најави дека ја завршува репрезентативната кариера, и тоа со 97 меча и 37 гола во националниот дрес.

- Оглас -

Најнови вести