Агентот на Јирген Клоп, Марк Косике, ја демантираше информацијата дека германскиот фудбалски стручњак би можел да го води Реал Мадрид или бразилската репрезентација.
Според германски Скај, постои конкретен интерес од страна на Клоп за работа во Реал или Бразил, но тој се уште не планира да се врати како главен тренер следната сезона.
„Јирген е многу задоволен од неговата нова улога како шеф на глобалниот фудбал во Ред Бул“, рече агентот.
Клоп е глобален шеф на фудбалот на компанијата „Ред Бул“ од 1-ви јануари.