16.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Агентот на Клоп ги искоментира „глупостите“ дека Јирген ќе ја води Рома

Агентот на Јирген Клоп, Марк Косике, ги демантираше гласините дека германскиот тренер ќе ја преземе Рома.

Италијанскиот весник „Ла Стампа“ објави дека поранешниот тренер на Ливерпул и Борусија Дортмунд му кажал „да“ на римскиот клуб и оваа вест силно одекна низ фудбалскиот свет, па мораше да реагира и советникот на Клоп.

„Гласините дека Клоп би можело да биде новиот тренер на Рома не се точни. Тоа се тотални глупости. Станува здодевно постојано да се коментираат такви гласини“, изјави агентот на Германецот.

Објавата на „Ла Стампа“ се потпираше врз основа на објава на Рома по следниот редослед на појавување на култните римски споменици: Колосеум, Лупа, Олимпија, Пјетро Сана и Пантеон, тие создале акростих од првите букви на секој од нив – KLOPP. Сепак, Колосеумот се пишува со почетната буква „C“ на латиница, а не „К“.

Клоп (57) од јануари работи како глобален шеф за фудбал во „Ред Бул“. Тој има договор со компанијата на пет години.

Неодамна се појавија гласини за можен ангажман на Клоп и во Реал Мадрид. Тогаш Косике рече: „Јирген е многу среќен со својата нова улога како раководител на глобалниот фудбал во Ред Бул“.

- Оглас -

Најнови вести