Трансферот на Кристијано Роналдо во Манчестер сити станува реалност. Шампионот на Премиер лигата за Португалецот нуди двегодишен договор и плата од 15 милиони евра годишно, која е половина од таа што Роналдо досега ја земаше, но го задоволува 36-годишниот фудбалер кој во минатата сезона беше прв стрелец во Серија А.
Агентот на Роналдо, Жорж Мендеш, веќе е во Торино и на раководството на Јувентус ќе му ја презентира понудата. Шпекулациите се дека и Старата дама е расположена да се раздели со скапиот Роналдо, но од Сити ќе го бара крилото Бернардо Силва како замена бидејќи Англичаните не сакаат да платат отштета.
ПСЖ отпаѓа како опција за нов клуб на Кристијано, па градскиот ривал на неговиот некогашен клуб му останува единствена шанса за тој да ја смени клупската средина летово.