Агентот на Левандовски бара да се смени начинот на гласање за „Златната топка“

Познатиот агент Пини Захави, чиј клиент е и Роберт Левандовски, изјави дека ќе дојде моментот кога Полјакот ќе освои спечели „Златна топка“, и додаде дека „Франс фудбал“ треба да го смени системот на гласање за наградата, за да нема неправди.

„Левандовски може да игра на највисоко ниво уште долги години. Тој е најспособниот фудбалер кој сум го видел во животот. Затоа дојден е моментот тој да ја освои Златната топка. Aко наградата за 2020 година биде дадена, тогаш ќе се заблагодариме. Роберт заслужува да биде во списокот со најголемите на сите времиња. Тој е еден од најдобрите 2-3 напаѓачи во историјата. Одговорните лица требва да смислат нов систем за гласање. Можеби не знаат сите овие 170 новинари што се случува во фудбалскиот свет” – вели Захави.

- Оглас -

Најнови вести