Манчестер сити е во потрага по замената за Кевин де Бројне, па се погласни се шпекулациите дека тоа ќе биде Дани Олмо од Барселона. „Каталонците“ минатото лето платија 55 милиони евра на Лајпциг за да го откупат неговиот договор, но цела сезона мака мачеа да го регистрираат.
Сепак, агентот на Олмо, Енди Бара, ги демантира овие пишувања и вели дека воопшто и нема преговори со „граѓаните“.
„Не разговараме со ниту еден клуб, освен со Барселона, во овој момент. Дани е среќен во Барселона. Освојува трофеи и е важен дел од екипата. Гласините не се вистина. Секако, никогаш не може да знаете што носи иднината.“ – рече Бара.
Освен за Олмо, од Манчестер сити има интерес и за најдобриот фудбалер на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц.