5.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Агентот откри дали Салах ќе си замине од Ливепрул ако следната сезона не игра во Лигата на шампионите

Агентот на Мохамед Салах демантира дека фудбалетот ќе си замине од Ливерпул доколку екипата не обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

„Глупости, никогаш не било разговарано, ниту размислувано за такво нешто“, напиша, меѓу другото, Рами Абас Иса, агентот на Салах.

Одговорот на Иса доаѓа откако англиските медиуми објавија дека египетскиот репрезентативец ќе си замине од Ливерпул доколку екипата не заврши на едно од првите четири места на табелата кои носат пласман во Лигата на шампионите.

Ливерпул по 23 одиграни натпревари во Премиер лигата, се наоѓа на седмото место на табелата со 36 освоени бода, девет помалку од четвртопласираниот Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести