Руските власти објавија дека притворениот Даниел Агер не е поранешниот дански репрезентативец, туку се работи за човек со исто име и презиме кој учествувал на протестите во Москва, па завршил зад решетки.
Приказната е интересна и објавено е дека се работи за Дмитри Кендел, кој во 2009 година комплетно ги сменил и името и презимето и веќе 12-та година се води како Даниел Агер, идентично како и поранешниот играч на Ливерпул.
Вчера како бомба одекна веста дека вистинскиот Даниел Агер, играч кој е познат по настапите за Ливерпул (играше и во Скопје против Работнички пред 10 години), е притворен поради протести во Москва против актуелната власт на Русија.
Сега тоа е демантирано од службите во Русија, а рускиот Агер се соочува со казна од 10 до 20 илјади рубли и затвор од 15 дена, или социјално корисна работа за да се спаси од затвор.