Некогашниот македонски репрезентативен фудбалер Агим Ибраими, е нов спортски директор на трофејниот албански клуб Партизани од Тирана.
Ибраими во моментов е и член на Управниот Одбор на ФФМ.
Тој беше промовиран од претседателот на Партиани, Газмент Деми, и веднаш ќе ја започне својата нова должност во клубот од главниот град на Албанија.

